СЕСЛЕР

„СЕСЛЕР“ (Сеслер) – месечно литературно и научно списание на современ турски јазик во рамките на Редакцијата на „Бирлик“, започна да излегува од 1. ⅩⅠⅠ 1965 г. Престана да излегува во 1996 г. Во списанието беа презентирани научни трудови и литературни творби од турски, македонски, албански, југословенски и од други автори. Неколку броја излегуваа двојазично – на турски и на македонски јазик. ЛИТ.: Ф. Каѕа, Сеçме Ѕазýлар – Едебиѕатýмýзýн Гелиþмесинде „Сеслер“ Дергисинин Ѕери, саѕфа 35, Сеслер, саѕý 200, Üскüп, 1994. А. Аго