СЕР

СЕРАФИМОВСКИ, ТОМЕ К. (Зубовце, Гостиварско, 14. Ⅶ 1935) & скулптор, академик. Во 1957 година во Сплит го завршува Средното уметничко училиште (Отсек за вајарство), а на Академијата за ликовни уметности во Загреб (во класата на проф. Антун Аугустинчиќ) дипломира во 1963 г. и останува една година како соработник во мајсторската работилница на својот професор. Како стипендист на Владата на Франција, заминува на студиски престој во Париз (1966&1969), каде што (како соработник на скулпторката Алиција Пеналба) учествува во реализацијата на повеќе нејзини скулптури. Престојот во Париз остава видливи траги врз неговото творештвото. Во критиката тој е ситуиран во традицијата на париската школа, останувајќи притоа верен на духот на медитеранската традиција. Надоврзувајќи се на искуствата на Мештровиќ и на Аугустинчиќ и живеејќи во светот на Роден, Бурдел, Мајол и Бранкуси, тој создава свет на скулптури со исклучително чувство за рамнотежа и за хармонија, движејќи се помеѓу националното и универзалното. По враќањето во Македонија, работи како сценограф во Телевизија Скопје, потоа живее и работи во Гостивар и во Охрид (1970&1987), па одново во Скопје. Активно учествува на многу југословенски и македонски конкурси и создава голем број споменици. Има создадено во траен материјал (бронза, мермер, оникс и дрво) над 500 скулптури; од нив околу 200 се одделни портрети и повеќе од 170 актови, стотина скици, минијатури, идејни решенија од областа на ситната пластика, скулптури со анимални сцени, десетина торза и релјефи, а реализирал и 40-ина споменици и спомен-обележја (на повеќе теми), кои се наоѓаат низ просторите на Република Македонија, низ поранешна Југославипрактична работа учествувал во Т. Серафимовски: споменикот на Св. Климент Охридски, Охрид (2005) ја и во светот. Учествувал на околу 300 групни и колективни изложби, а реализирал над триесет самостојни изложби во земјата и во странство (Гостивар, Делчево, Охрид, Скопје, Риека, Белград, Карловац, Мостар, Лас Палмас, Ла Лагуна, Лагос, Софија, Њујорк, шумен, Варна, Нирнберг, Загреб и др.). Негови дела се наоѓаат во повеќе приватни колекции во светот, како и во многу галерии и музеи: во Галеријата на Бакингемската палата во Лондон, во Палатата Маса (Асоцијација на писателите на Франција) во Париз, во Ватиканската библиотека, во Музејот на Друштвото на писателите во Лас Палмас, Гран Канарија, во приватната колекција на Силвио Берлускони во Рим, во Македонскиот културен центар во Перт, во Фондацијата „Кирил и Методиј“ во Софија, во Галеријата на Фестивалскиот центар во Варна, во Спомен-домот „Едвард Кардељ“ во Љубљана, во Градската библиотека во Карловац, во Музејот на градот Мостар, во Галеријата „Ѓурина куќа“ во Белград, во Народниот музеј во Валево, во Галеријата на великаните во МАНУ во Скопје, во Градскиот музеј во Ѓаково (Хрватска), во Македонскиот народен театар во Скопје, во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во Мултимедијалниот центар во Велес, на Православниот богословски факултет во Скопје, во Архиепископијата на МПЦ во Скопје, во Катедралниот храм „Пресвето срце Исусово“ во Скопје, во Католичката црква „Св. Кирил и Методиј и св. Бенедикт“ во Охрид, во збирката ликовни дела на САНУ во Белград, во Музејот на современата уметност во Скопје, во збирката ликовни дела на Хрватската академија на науките и уметностите во Загреб, како и во многу други институции во Македонија и во светот. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (од 1962). Член е на МАНУ (од 1988), странски член на САНУ (од 2003) и член на Светската академија за уметност и наука во Сан Франциско (од 2006). Добитник е на многубројни национални и меѓународни награди и признанија. Создавајќи импозантен опус, остава длабока и неизбришлива трага во историјата на македонската уметност со неговата нераскинлива поврзаност со традицијата и со поинаквата развојна насока. Ваквиот приод кон уметноста му овозможува непосреден допир до суштината на уметничкото дело & непрекинатата потрага по самиот живот во неговата квинтесенција изразена преку формата & и неговиот опус го издига на рамништето на безвременост. СПОМЕНИЦИ: Продор, Карловац, Хрватска; Крава, Карловац, Хрватска; Стрелање, Леуново, кај Гостивар; На македонските рудари, Македонска Каменица; Народниот херој Вера Јоциќ, Македонска Каменица; Македонскиот партизански одред „Кораб“, Ново Село, кај Гостивар; Благое Паровиќ, Риека, Хрватска; Кирил Пејчиновиќ-Тетоец, Тетово; Иљо Антевски-Смок, Тетово; На обработувачите на силекс, Кратово; Светите браќа Кирил и Методиј, Охрид; Мајка Тереза, Скопје; Мајка Тереза, Нирнберг, Германија; Кочо Рацин, Велес; Милтон Манаки, Битола; Рафаел Алберти, Гарачико, Тенерифе, Канарски Острови; Скопје ’63, Скопје; Симфонија на мирот, Скопје; Светите браќа Кирил и Методиј, Белград, Србија; Свети Климент Охридски, Охрид; Раце на пријателството, Нирнберг, Германија; Петре Прличко, Велес; Јустинијана Прима, на Правниот факултет, на Универзитетот Св. Кирил и Матодиј, Скопје; Панко Брашнаров, Велес; Архиепископот Доситеј, Скопје; Људевит Гај, Загреб, Хрватска; Свети Кирил, во базиликата Сан Клементе во Рим, Италија; Мајка Тереза, Ватикан; Мајка Тереза, Загреб, Хрватска; спомен-обележја на наши истакнати личности, на Градските гробишта Бутел во Скопје: Лазар Колишевски, Акад. Михајло Апостолски, Претседателот Борис Трајковски, Акад. Димитар Митрев и др. ЛИТ.: Анте Поповски: Томе Серафимовски (мапа), НИП „Ѓурѓа“, Скопје, мај 1998; Цветан Грозданов: Томе Серафимовски, ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, 2000; Станислав Живковиќ: Томе Серафимовски & Скулптуре и цртежи, Српска академија наука и уметности, Београд, 2002; Ферид Мухиќ: Томе Серафимовски & Портрети / Томе Серафимовски – Портраитс, ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, 2003; Томе Серафимовски & Биобиблиографија / Томе Серафимовски – Биобиблиограпхѕ, Македонска академија на науките и уметностите, Фондација Трифун Костовски / Мацедониан Ацадемѕ оф Сциенцес анд Артс, Трифун Костовски Фоундатион, Скопје/ Скопје, 2005; Цветан Грозданов: Духовноста и преродбата & скулптури, цртежи, „Македонска ризница“, Куманово, 2005; Мажуран Суботиќ, Весна: Томе Серафимовски, Хрватска академија знаности и умјетности & Глиптотека, Загреб, 2008. Е. Ал. Владимир Серафимоски