СЕР

СЕРАФИМОВСКИ, Тодор (Злетово, 1956) – рударски инженер. Дипломирал на Рударско–геолошкиот факултет во Белград (1978), магистрирал во 1982 г., а докторирал во 1990 г. на тема „Металогенетски карактеристики на зоната Леце–Халкидики“. Својата кариера ја продолжил на Рударско–геолошкиот факултет во Штип како помлад асистент, каде што работи и денес како редовен професор. Во два мандата бил продекан на факултетот, а од 1997–1999 бил декан. Во моментов е раководител на Катедрата за наоѓалишта на минерални суровини. Автор на 165 научни труда, 4 монографии и 4 универзитетски учебници. Бил раководител на 10 меѓународни и на повеќе домашни проекти. Учествувал во меѓународната соработка во областа на рударството со САД, Велика Британија, Русија, Франција, Романија, Словачка, Словенија, Германија, Бугарија и др. Т. Сер. Томе Серафимовски