СЕР

СЕРГИЈА – јеромонах и игумен, ктитор на манастирската црква „Св. Никола“ во близина на с. Слепче (Прилепско) изградена во 1672/73 и живописана во 1673/74 г. Градењето го помагале и монасите од манастирското братство, како и други мирски лица. Меѓутоа, како ктитори се насликани само јеромонахот игумен Сергија и неговиот ученик јеромонахот Михаил со моделот на црквата в раце. ЛИТ.: З. Расолкоска-Николовска, Ктиторскиот портрет во ѕидното сликарство во Македонија, Цивилизации на почвата на Македонија, 2, Натпис од проскомидијата МАНУ, Скопје, во црквата „Св. Никола“ 1995; И. Јорданова-Гергова, Триптих поменик од слепченскиот манастир „Св. Никола“, Прилепско, „Балцанославица“, 25; Н. Митрески, Манастирот Слепче кај Прилеп, Прилеп, 2001. З. Р.-Н.