СЕР

СЕРВИЈА – средновековен град во Јужна Македонија (на патот од Македонија во Тесалија), тема, епископско седиште. Тврдината се наоѓала на стрмен рид пристапен само од северната страна. Самуил ја освоил (989), Василиј Ⅱ ја вратил под византиска власт (1001) и го заробил нејзиниот командант Николица. Ја освоил од Србите Јован Кантакузин (1350), потоа паднала под османлиска власт (1393). ЛИТ.: А. Џѕнгопоулос, Τα′ μνημει′α Σερβι′ων, Атхенс, 1957. К. Аџ.