СЕИЗМОЛОШКА ОПСЕРВАТОРИЈА

СЕИЗМОЛОШКА ОПСЕРВАТОРИЈА – оддел на ПМФ во Скопје, создаден за систематско следење на сеизмичката активност во Македонија. Сместена е на падините на Водно, во изградба од 1957 г., кога се монтирани и првите инструменти. Денес поседува понови простории и современи аналогни и дигитални инструменти на неколку локации во Македонија што се компјутерски поврзани за брзо локализирање на епицентралното подрачје и за информирање на населението. Од основањето се издава „Билтен за регистрираните потреси“ што е меѓународно достапен. Искуството стекнато по силниот скопски земјотрес (1963) подоцна е пренесувано во други засегнати подрачја (Лесковац, Бања Лука, Црна Гора). За нејзиното етаблирање заслуги има Д. Хаџиевски, раководител од 1961 до 1988 г. В. Ур. Љутви Сејфула