СВЕТУЛКИ

СВЕТУЛКИ (Цантхаридае) – мали тврдокрилни инсекти. Долги се 1–2 цм. Светат во мрак, по што и го добиле името. Само мажјаците имаат тенки, нежни и меки крилја, кај некои видови женките се бескрилни. Се појавуваат, обично, во јуни и во јули. Во светот се познати околу 6.000 видови. Во Ма-Голема светулка кедонија оваа фамилија не е доволно истражена. Познати се неколку видови, од кои најпозната е големата светулка (Лампѕрус ноцтилуца Л.). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.