СВЕТСКИ ПРВЕНСТВА ВО КАЈАК НА ДИВИ ВОДИ

СВЕТСКИ ПРВЕНСТВА ВО КАЈАК НА ДИВИ ВОДИ – спорт-ска дисциплина. Деветтото светско првенство во спуст на реката Радика и четиринаесеттото во слалом на реката Треска биле одржани во Македонија (22.–29. Ⅵ 1975), со учество на кајакари од 22 земји. Покровител бил Киро Глигоров, претседател на Собранието на СФРЈ. Резултати во спуст – мажи: во К-1 прв Ј. П. Барни (Белгија), во Ц-1 прв Ј. Л. Вергер (Франција), во Ц-2 прв шиндлер–Пиоч (СР Германија), екипно: во 3 × К-1 прва Австрија, во 3 × Ц-1 СР Германија, во 3 × Ц-2, Франција, а Југославија била на петтото место, додека една од трите екипи била од Македонија – Скендер-Ангеловски; жени: во К-1 прва Г. Ротхасус (СР Германија), екипно во 3 × К-1, Англија, меша-Кајакарот на диви води Атанас Николовски но во Ц-2 први Росе-Росе (СР Германија), а Митевска–Младеновски единаесетти, Младеновска– Селман дванаесетти и Митиќ– Поповски тринаесетти (Југославија), во 3 × Ц-2 прва Франција, а Митевска-Младеновски, Младе-новска–Селман и Митиќ–Поповски четврти (Југославија). Резултати во слалом-мажи: во К-1 прв С. Хорн (ДР Германија), во Ц-1 прв П. Содомка (Чехословачка), во Ц-2 први Кречмер–Трумер (ДР Германија), а Јован Јакимовски – Јордан Јакимовски дваесет и четврти (Југославија), екипно во 3 × К-1 прва СР Германија, шеста Југославија – З. Ибрахимбеговиќ, М. Спасовски, Ф. Барич, во 3 × Ц-1 прва Чехословачка, во 3 × Ц-2 прва ДР Германија. Жени: во К-1 прва М. Цвиртниевич (Полска), С. Колева дваесет и шеста (Југославија), во 3 × К-1 прва швајцарија, Југославија шеста – З. Курник, В. Кошанин, С. Колева, мешано во Ц-2 први Лида–Гилман (САД), четврти Мицевска–Николовски и петти Младеновска–Селман (Југославија). ЛИТ.: Душко Симоновски: Кајакот во Македонија, Скопје, 1994. Д. С.