СВЕТИ ЃОРЃИ

СВЕТИ ЃОРЃИ“ – манастирска црква во близина на Неготино. Трикорабна базилика градена од кршен камен и од малтер. Врз основа на зачуваниот натпис црквата била изградена во 1860 г. Ѕидните слики во внатрешноста на црквата ги работел велешкиот зограф Хаџи Косте Крстев, кој за себе вели дека бил и фотограф. ЛИТ.: К. Балабанов, Благо на путевима Југославије, Београд, 1983. К. Б. „СВЕТИ ЃОРЃИ“ С Манастирската црква „Св. Ѓорѓи“, на брегот Тиквешкото Езеро, Кавадаречко (ⅩⅣ в.) Манастирската црква „Св. Ѓорѓи“, с. Старо Нагоричане (Ⅺ в., обновена во 1313) сида од внатрешната и петострана од надворешната страна. Се претпоставува дека сводната партија на старата црква се урнала како резултат на посилен земјотрес. Врежаниот натпис над влезната врата во црквата сведочи дека таа била обновена во 1313 г., со средства на српскиот крал Милутин, а фрескоживописот бил изведен во 1317–18 г. од страна на прочуените средновековни зографи Михаил и Евтихиј, кои ги оставиле запишани и своите имиња. Според ликовните вредности, фрескоживописот се вбројува меѓу ремек-делата на зографите што работат во Македонија во ⅩⅣ в. и е еден од најдобро зачуваните ликовни ансамбли, со колорит што не ја изгубил свежината и интензитетот во изминатите векови. Меѓу зачуваните композиции и поединечни светители посебно внимание привлекуваат Причестувањето на апостолите, во просторот на полукружната апсида, Успението на Богороди„СВЕТИ ЃОРЃИ“ – манастирска црква во долината на р. Црна, денес на брегот на Тиквешко Езеро (Кавадаречко). Ѕидана е од делкан камен и од тули. Еднокорабна црква поделена на три травеи. Над средниот травеј е изведена осмострана купола, којашто се опира на ѕидните пиластри. Северната и јужната фасада се украсени со по два реда плитки ниши. На источната страна, над ниската тристрана апсида, е изведена архиволта од тули со бифорен прозорец. Од западната страна е доѕидан нартекс. Фрескоживописот во црквата датира од ⅩⅣ в., а оној во нартексот од 1609 г. Во ⅩⅠⅩ в. стариот фрескоживопис во црквата и во припратата бил прекриен со сликарија што е отстранета со конзерваторска постапка. Во 1983–85 г. на западната фасада на црквата е откриен фрескоживопис со портретот на цар Душан, како и портретите на ктиторите Јован Драгушин, неговата мајка, сопругата и синот. Во 1340 г. манастирската црква била приложена на светогорскиот манастир Хиландар. Големиот крст во резба со насликано Распјатие Христово бил изработен за иконостасот на црквата во 1584 г. Авторот е непознат. ЛИТ.: Ц. Грозданов – Д. ќорнаков, Историјски портрети у Полошком (И-Ⅲ) „Зограф“, 14, 15, 18, Београд, 1983, 1984, 1987; Ј. Николиќ–Новаковиќ, За циклусот на св. Ѓорѓи и зографот од припратата на По