СВЕТИ ЃОРЃИ ПОБЕДОНОСЕЦ

СВЕТИ ЃОРЃИ ПОБЕДОНОСЕЦ“ – мала гробишна, еднокорабна црква (ⅩⅤⅠⅠ в.) во с. Лазоровци (Лазаровци), североисточно од Кичево, за која неосновано се претпоставува дека е од постар период. Целосно е живописана. Традиционалната идејно-тематска концепција на сликаната програма се карактеризира со хармоничен колорит, шематизиран цртеж и геометризирани облици, со извесни обиди за пластична моделација на светителските ликови. ЛИТ.: Т. Смиљаниђ, Кичевија. Насеља и порекло становништва, СКА/СЕЗ, ЛИ, Београд, 1935, 427. М. М.