„СВЕТИ ЃОРЃИ ПОБЕДОНОСЕЦ“ – манастирска црква во с. Рајчица, во близина на Дебар. Би-ла метох на Бигорскиот манастир. Во зачуваниот натпис над влезната врата се спомнуваат митрополитот Јоаким и игуменот на Бигорскиот манастир, архимандритот Арсениј. Градбата би-ла завршена во 1835 г., осветена во 1836 г., а фрескоживописот бил завршен во 1840 г. Сликарството во оваа релативно голема манастирска црква е дело на талентираните зографи Михаил (од Самарина) и неговиот син јеромонахот Даниил. Поголемиот број икони на иконостасот биле насликани од јеромонахот Даниил (1832– 1833) и се едни од најдобро насликаните ликовни дела (икони) во Македонија во ⅩⅠⅩ в. ЛИТ.: Манастир св. Јован Бигорски (Зборник трудови), „Културно-историско наследство на РМ“, ЏЏЏИИ, Скопје, 1994; К. Балабанов, Благо на путевима Југославије, Београд, 1983. К.Б.