„СВЕТИ СТЕФАН“ – пештерна црква на локалитетот Панцир-Горица, 5 км југоисточно од Охрид на патот за „Св. Наум“. Мала пештерна црква прилагодена на обликот на карпата со доѕидан каменен ѕид од јужната страна. Од натписот во нишата на ѓакониконот се дознава дека ктиторски заслуги за црквата имале Велика Варош (Охрид) и селата шипокно, Коњско и Горица. Живописот е настанат кон крајот на ⅩⅣ в., а од некогашната фрескодекорација се зачувани претставите на Богородица и светите отци во олтарниот дел, Деизисот, св. Петка, светите Константин и Елена и двајца монаси-анахорети на северниот и западниот ѕид. ЛИТ.: Воислав Ј. ™уриђ, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974, 90; Цветан Грозданов, Охридското ѕидно сликарство од ⅩⅣ век, Охрид, 1980, 153-154; Гојко Суботиђ, Охридската сликарска школа од ⅩⅤ век, Охрид, 1980, 76–77. С. Ц.