СВЕТИ НАУМ

„СВЕТИ НАУМ“ – манастирска црква во Охрид посветена на Светите Архангели. Ја изградил На-ум во 900 г. на јужниот брег на Охридското Езеро. Црквата има форма на триконхос, чии остатоци се откопани во темелите на сегашната црква. Објектот бил обновен како комбинација на впишан крст и трикорабна базилика. Покрај нејзиниот основен дел, изграден во ⅩⅤⅠ в., доградени се сукцесивно нови простори што го оп-фаќаат влезот – вестибилот и гробницата на св. Наум, како и една надворешна припрата што подоцна добила купола. Низата преѕидувања и доградувања укажуваат за грижата што е посветувана на овој значаен споменик низ столетијата, како жариште на словенската писменост и духовност, при што е поддржуван начинот на византиската градба од средновековниот период. Пред нејзиното живописување во ⅩⅠⅩ век, се пронајдени и постари фази од живописот. Најстар дел вот повеќе го празнуваат оние што Манастирскиот комплекс цркви „Св. Леонтиј“, с. Водоча, Струмичко (Ⅶ-ⅩⅤ в.) „СВЕТИ НАУМ“ С Манастирската црква „Св. Наум“, Охрид (ⅩⅤ-ⅩⅤⅠ в.) од живописот е еден фрагмент откриен под подот на црквата, веројатно од крајот на ⅩⅣ и почетокот на ⅩⅤ век, но нема доволно елементи за сигурно датирање. Втора етапа на живописот се фреските во одделението за лекување, каде што се распознава композицијата Пророците те навестија. Фигурите на пророците се поставени во чашки на цветна орнаментика со отворени свитоци пред себе. Овие фрески се вбројуваат меѓу делата на школата на зографот Онуфриј, но сепак поблиску се до ликовната постапка на неговиот син Никола, кој е познат како зограф на фреските во „Богородица Влахеренска“ во Берат (1578). Третата етапа на живописот во Св. Наум го претставува иконостасот на храмот, завршен во 1711 г., со потпис на јеромонахот Константин Зограф. Иконостасот е во неколку зони од престолните икони, потоа зоната на Големите празници, а во горната зона е Светиот Чин од кој излегува крстот со Распетието на Христос. Очигледно е дека Константин Зограф работел со еден или со двајца помошници, а за едниот се претпоставува дека е идниот прославен Зограф Давид од Селеница. Најголемо внимание на иконостасот привлекува иконата на св. Наум и св. Климент со тоа што св. Наум во рацете држи модел на храмот како донатор, а близу до неговите нозе се насликани неколку сцени од Житието на св. Наум што претходат на делата на Христофор Жефарович и кои покажуваат дека тука се одвивало првото вообликување на тематиката поврзана со св. Наум. Во оваа насока, од големо значење е печатницата во Москополе, која дејствувала во средината на ⅩⅤⅠⅠⅠ в., каде што биле печатени житијата на балканските и словенски учители и проповедници на христијанството. Овие житија и служби имале графички украс со ликовите на св. Наум и св. Климент, а зографите ги користеле овие текстови за илустрација на своите дела. Иконостасот е вклопен во длабока резба за која се смета дека е репрезент на епирскиот стил. Притоа треба да се одбележи дека сликарски се обработени и царските двери како и долниот дел од ламперијата. Во творештвото на Константин Зограф се присутни западнички елементи од доцната Готика и раната Ренесанса, за кои се смета дека се прифатени од Венеција, но и од „Левантскиот барок“ што се движел низ целиот Јадран и по медитеранскиот брег. По овие уметнички активности, за живописувањето на храмот бил ангажиран Трпо Зограф, син на Константин Зограф, од познатата фамилија на уметници од регионот на Корча. Таткото и стрикото на Трпо, зографите Константин и Атанас, потекнувале од с. Поткожани што се наоѓа близу до „Св. Наум“ и Подградец. Ова семејство прифаќало зографски порачки во Албанија и во Македонија, а најмногу во Света Гора. Нивното творештво се следи уште од средината на ⅩⅤⅠⅠⅠ век. Во постапката на Трпо Зограф се чувствуваат традиционализмот и конзервативната линија на уметноста од тој период со одредени незначителни западни елементи. Тој бил првпат ангажиран од игуменот Стефан во 1799 г. за изведба на феските во гробниот параклис на светецот, а донатор на живописот бил Наум Јоанов москополец. Во гробниот параклис во долната зона се насликани фигури на истакнати монаси во цел раст, а над самиот гроб е композицијата Успението на св. Наум, каде што се Фреска: Седмочислениците во црквата „Св. Наум“, Охрид (1799) Царските двери во црквата „Св. Наум“, Охрид (1711) групирани сите словенски учители. Во втората зона е циклусот на Животот и чудата на св. Наум со редукција на епизодите, од познатата графика на св. Наум од Христофор Жефарович, поради ограничениот простор. Во високата зона на параклисот е насликана Божествената литургија во која самиот Христос како архијереј чиноначалствува, а на темето од сводот доминира фигурата на Исус Христос-Седржител. Во 1806 г. Трпо е повторно ангажиран од игуменот Стефан да го слика тремот и основниот дел од црквата. Во храмот се насликани десет циклуси и повеќе поединечни композиции, од првата зона до куполата: Големите празници, Христовите маки и страдања, Сцени од животот на Богородица, Четириесетте маченици, поетски состави посветени на Богородица и повеќе личности поврзани за ова култно место, како, на пр., фигурите на Седмочислениците во тремот на храмот, св. Ахил Лариски, св. Јован Владимир, св. Никодим од Берат и др. Трпо Зограф извршил влијание врз тематиката на мијачките мајстори од ⅩⅠⅩ век, кои исто така прифатиле дел од придобивките на старите корчански и светинаумски мајстори. Треба да се одбележи дека во нивниот репертоар свое место зазема и фигурата на маченичката св. Марена, како и св. Кирик и Јулита, за кои се смета дека имало мошти во црквата. ЛИТ.: М. Злоковиђ, Старе цркве у области Преспе и Охрида, „Старинар“, Ⅲ, Београд, 1925; Д. Коцо, Проучување и археолошки испитувања на црквата Св. Наум, „Зборник на Археолошкиот музеј“, Ⅱ, Скопје, 1958; Г. Бошковиќ – К. Томовски, Средновековна архитектура во Охрид, „Зборник на трудови“, Охрид, 1961; Т. По-па, Пикторет месјетаре Схљиптаре, Тиране, 1961; Д. Коцо, Триконхалните цркви во Климентовото време, Словенска писменост. 1050-годишнина на Климент Охридски, Охрид, 1966, 91–100; И. Снегаров, МанастирÍт Свети Наум при Охридското Езеро, Софи®, 1972; П. Миљковиќ-Пепек, Некои погледи врз архитектурата врз манастирската црква Св. Наум, Наум Охридски. Зборник на трудови, Охрид, 1985; М. Д. Пеѕфусс, Дие Друцкереи вон Мосцхополис, 1731–1769 : Буцхдруцк унд Хеилигенверехрунг им Ерзбистум Ацхрида, Њиен 1989; С. Ристески, Легенди и преданија за свети Наум, Скопје, 1990; Цв. Грозданов, Свети Наум Охридски, Скопје, 1995; Н. Целакоски, Свети Наум Охридски Чудотворец, Прилеп, 1997. Цв. Гр. – Кр. Т.