„СВЕТИ ДИМИТРИЈА“ – манастирска црква во с. Сушица (Скопско), кај населението позната како Марков манастир. Врз основа на зачуваниот натпис, испишан над јужната врата од внатрешната страна, изградбата на манастирската црква започнала во 1345 г., продолжила во времето на кралот Волкашин, а градбата била завршена и целосно живописана во времето на неговиот син кралот Марко (1366–1371/72). Основата на црквата има форма на впишан крст во правоаголен простор, со купола што се издига над централниот дел, а се потпира врз четири камени столбови. Нартексот е одделен од наосот со триделен отвор, а над неговиот централен дел се наоѓа слепа калота. Црквата е ѕидана со блокови делкан камен, со редови тули и со малтер. Фасадите се декорирани со слепи ниши. Петостраната апсида од надворешната страна, во своите десет слепи ниши, е богато украсена со различни шари изведени со тули. Во 1830 г. на западната страна бил дограден отворен трем, ѕидан од делкан камен, а потребните средства ги обезбедил Хамзи-паша Скопски. Манастирскиот комплекс го сочинуваат повеќе двокатни згради, меѓу кои за најстара се смета големата трпезарија што има облик на еднокорабна црква со апсида на северната страна. Внатрешноста на црквата е живописана. Фрескоживописот е дело на повеќе зографи со различни можности и со различни стилски сфаќања. Сепак, меѓу нив се издвојува зографот што ги работел горните партии на сводовите и во куполата. Неговиот цртеж е прецизен, а колоритот богат, палетата полна со топли тонови. На еден од столбовите во црквата е откриено испишано име (Маниша), за кое се смета дека е име на некој од зографите. Во првата зона се насликани светители во цел раст, во богата облека; во втората се композициите што го илустрираат Акатистот на Богородица, а во третата, како и во зоните над неа, се претставени сцени од животот, чудата и страдањата Христови, Дванаесетте големи празници, композицијата Плачот на Рахела, како и сцени од животот на патронот на црквата „Св. Димитрија“. Од ктиторските портрети, насликани на северниот ѕид, останале само незначителни фрагменти. Од портретите насликани на јужниот ѕид, од надворешната страна на црквата над влезната врата, се зачувани оние на кралот Марко и на неговиот татко, кралот Волкашин, насликани во цел раст, од обете страни на нишата во којашто во допојасна претстава е насликан патронот на црквадатирана во ⅩⅣ в. Претрпела Манастирската црква „Св. Димитрија“, Марков манастир, с. Сушица, Скопско (ⅩⅣ в.) Фреска: „Плачот на Рахела“ во црквата „Св. Димитрија“, Марков манастир, с. Сушица, Скопско (ⅩⅣ в.) та св. Димитрија. Кралевите Марко и Волкашин во рацете држат отворени свитоци, на кои се испишани текстови во кои се спомнуваат нивните имиња и ктиторскиот статус. Во првите децении на ⅩⅠⅩ в. во манастирот престојувал и Кирил Пејчиновиќ, познат по својата книжевна дејност, кој станал и игумен на манастирот. Манастирските конаци со старата трпезарија се обновени во ⅩⅩ в. ЛИТ.: Л. Миркови¢ – Ж.Тати¢, Марков Манастир, 1925; Л. Миркови¢, Новооткривене фреске у Маркову манастиру код Скопља, „Гласник Скопског научног друштва“, ⅩⅠⅠ (1933); В. Ј. –ури¢, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974; К. Балабанов, Новооткриени портрети на кралот Марко и кралот Вол-кашин во Марковиот манастир, „Културно наследство“, 3, Скопје, (1967), 47–66; К. Балабанов – А. Николовски – Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980. К. Б. Црквата „Св. Димитрија“, Битола (1830)