СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ

СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ“ – манастирска црква во Штип. Ѕидана од делкани блокови со наизменични редови од тули. Припаѓа на типот цркви што во основата имаат впишан крст во правоаголен простор, со купола врз осмостран тамбур. Градена е во 1332 г. со средства на протосевастот Хреља. Не е познато дали во внатрешноста на храмот пр-вично бил изведен фрескоживопис. Подоцна била приложена на светогорскиот манастир Хиландар. Во своите патописни белешки турскиот патописец Евлија Челеби пишува дека Али-бег ја претворил во џамија. Кај населението е позната под називот Фитија (Феткија). ЛИТ.: Е. Челебија, Путопис, Сарајево, 1957; В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950; Б. Цветковски, Историски и стопански развиток на Штип од создавањето до 1919 г., Штип, 1964; К. Балабанов, Постојана галерија на икони во црквата „Успение на св. Богородица“ во Ново СелоШтип, Штип, 1972. К. Б.