СВЕТИ АРХАНГЕЛ ГЛАВАТОВ

СВЕТИ АРХАНГЕЛ ГЛАВАТОВ“ – црква што се спомнува во историските извори од 1378 г., кога од страна на браќата Дејановци била приложена на светогорскиот манастир „Св. Пантелејмон“. Се наоѓа во центарот на Штип, во маалото Стар Конак (денес во дворот на Музичкото училиште). Подоцна е преправана. Во просторот на апсидата има фрагменти од стариот фрескоживопис. ЛИТ.: В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950; К. Балабанов, Постојана галерија на икони во црквата „Успение на св. Богородица“ во Ново СелоШтип, Штип, 1972; истиот, Галерија на икони (второ издание), Штип, 1988. К. Б. Манастирската црква „Св. Архангел Михаил“, Штип (1332)