СВЕТА СОФИЈА

СВЕТА СОФИЈА“ – ансамбл за современа музика, основан во 1968 г. во Скопје, под диригентсвото и уметничкото раководство на композиторот Тома Прошев. Составен од петнаесетина најистакнати музичари од Македонската филхармонија и од Оперскиот оркестар, ансамблот постигна извонредно високи резултати на домашниот концертен подиум, во сите центри на поранешната држава и во низа европски и воневропски земји. Ова уметничко тело, во текот на повеќе од една деценија беше постојано присутно на најзначајните југословенски фестивали. Низ својата уметничка дејност, ансамблот наполно ја постигна поставената цел и мисија: да го пропагира кај нас и во светот современото музичко творештво на македонските и на југословенските композитори, предимно од помладите генерации, вклучувајќи ги во своите програми и најреномираните автори и дела на музичката модерна. Др. О.