СВЕТА ПЕТКА

СВЕТА ПЕТКА“ – гробишна еднокорабна црква од крајот на ⅩⅤⅠ до првата половина на ⅩⅤⅠⅠ в. во с. Сиричино, источно од Тетово. Припратата е доградена во ⅩⅠⅩ в., кога е повторно целосно живописана. Старото ѕидно сликарство е зачувано на источниот ѕид од олтарот, а кршеници од оригинални фрески се најдени вкопани во јама покрај апсидалната ниша. Стилските карактеристики упатуваат на една од работилниците, кои, по обновата на Пеќската патријаршија (1557), биле ангажирани на широкото подрачје на Тетовската епархија. ЛИТ.: М. М. Машниќ, Нови сознанија за црквата Света Петка во Сиричино, Тетовско, „Културно наследство“, 24–25/ 1997-98, Скопје, 1999, 75–85. М. М.