„СВЕТА ПЕТКА“ – еднокорабна гробишна црква во с. Селник, северно од Делчево. Врз основа на зачуваниот ктиторски натпис, изградена е во „тешко време“, кога столувал „новиот епископ Прохор“. Ја живописал Јо(ван) Комнов најверојатно во третата деценија на ⅩⅤⅠⅠ в. Ѕидното сликарство е стилски блиско на недалечниот алински манастир „Св. Спас“, Бугарија (1626). Во сликаната програма се вклучени локалните пустиножители св. Јоаким Осоговски и св. Јоан Рилски. ЛИТ.: М. М. Машниќ, Црквата Света Петка во Селник и нејзините паралели со сликарството на алинскиот манастир Свети Спас, „Културно наследство“, 17–18/1990-91, Скопје, 1994, 101–112. М. М.