СВЕТА БОГОРОДИЦА

СВЕТА БОГОРОДИЦА“ – црква во Злетово, градена во неколку фази. Првата фаза, врз основа на досега зачуваниот фрескоживопис, се врзува за ⅩⅤⅠ в., кога Злетово било седиште на злетовскиот епископ. Во 1515 г. во Злетово се спомнува морозвиздскиот епископ Матеј. Подоцна, црквата била доградувана и обновувана, особено во ⅩⅤⅠⅠ и во ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Во ⅩⅠⅩ в. била доградена припратата и отворениот трем. ЛИТ.: В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд 1950; К, Балабанов – А. Николовски