СВЕТА БОГОРОДИЦА

СВЕТА БОГОРОДИЦА“ – голема трикорабна црква изградена во 1872 г. во Дебар. Во 1873 г. биле сликани ѕидни слики во наосот, а во 1896 г. дебарските свештеници поп Тасе, поп Арсениј, поп Трпе, Цветко Стојанов и Симон Секулов биле ктитори на ѕидните слики во олтарот на храмот. Како сликари работеле лазарополските зографи браќата Крсте и Коста Николови (синови на познатиот зограф Никола Крстев). На дрвениот иконостас се наоѓаат икони сликани од прочуениот зограф Дичо Крстев од Тресонче и од неговиот син Аврам Дичов. Во храмот се наоѓа и една стара икона посветена на св. Ѓорѓи, која датира од ⅩⅤ в. ЛИТ.: К. Балабанов, Благо на путевима Југославије, Београд, 1983. К. Б. Црквата „Св. Богородица“ во с. Лешок