„СВЕТА БОГОРОДИЦА“ – манастирска црква во с. Модриште, во близина на Македонски Брод. Во 1316 г. игуменот на манастирот Вартоломеј присуствувал на изборот на епископот Никодим. Тоа е еднокорабна црква со тристрана апсида, а веројатно имала и купола. Градена е од приделкан камен и од наизменични редови тули. Од некогаш богатиот фрескоживопис, дело на непознат зограф, останале малку траги. Врз основа на стилските карактеристики на фрескоживописот, се смета дека истиот зограф ја сликал и манастирската црква „Св. Никола“ (шишевски), изградена во ⅩⅣ в. високо над кањонот на р. Треска (Матка, Скопско). ЛИТ.: П. С. .Јованови¢, Модрички манастир, „Гласник Скопског научног друштва“, Ⅱ, 277–280; Ф. Месеснел, Топографске белешке, „Гласник Скопског научног друштва“, ⅩⅤⅠⅠⅠ, 178-183; В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950; К. Балабанов, Благо на путевима Југославије, Београд, 1983. К. Б. Црквата „Св. Богородица“ крај с. Глумово