СВЕТА БОГОРОДИЦА ПРЕЧИСТА

СВЕТА БОГОРОДИЦА ПРЕЧИСТА“ – црква во с. Варош (Прилеп). Еднокорабна, со полукружна апсида од надворешната и од внатрешната страна. Градена од кршен камен, тули и од малтер. Тулите се употребени само во два реда, во горната половина на црквата. Како градители се спомнуваат Павле и Радослав, синови на Теодор (1416–1438). Фрескоживописот е зачуван во просторот на апсидата, каде што се претставени: Богородица ширшаја небеса со малиот Христос на градите и композицијата Великиот вход. Непознатиот зограф припаѓа на групата талентирани зографи на своето време. Сигнатурите се испишани на старословенски јазик. ЛИТ.: В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950; К. Балабанов – А. Николовски – Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980.К. Б.