СВЕТА БОГОРОДИЦА ПЕШТАНСКА

СВЕТА БОГОРОДИЦА ПЕШТАНСКА“ – пештерна црква на дваесетина километри југоисточно од Охрид, на патот за Св. На-ум. Најавтентична од сите пештерни цркви на брегот на езерото. Природните облици на пештерата се искористени и прилагодени на култните потреби со јасно издвојување на олтарниот простор и наосот. Ова овозможило на ѕиПештерната црква „Св. Богородица Пештанска“, с. Пештани (ⅩⅣ в.) довите да се наслика поопширна програма чија тематика е идентична со програмско-тематските карактеристики на охридското сликарство од втората половина на ⅩⅣ век. Во олтарот има остатоци од Службата на архијереите, во наосот на сводот и повисоките зони се композиции од циклусот на Големите празници, а во најниската зона Деизисит, св. Никола, светите воини-маченици во патрициски одежди, а на јужниот ѕид како допојасни претстави се насликани св. Климент, св. Наум, Светите лекари св. Кузман и Дамјан и св. Пантелејмон. Живописот потекнува од шеесеттите години на ⅩⅣ век, а зографите што го сликале живописот, десетина години подоцна, сликаат и во Марков манастир, крај Скопје. ЛИТ.: Воислав Ј. ™ури¢, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974, 74; Цветан Грозданов, Охридското ѕидно сликарство од ⅩⅣ век, Охрид, 1980, 147–148. С. Ц.