СВЕТА БОГОРОДИЦА ЕЛЕУСА

СВЕТА БОГОРОДИЦА ЕЛЕУСА“ – манастирска црква изградена во 1080 г. во с. Велјуса (Струмичко). Нејзин ктитор бил струмичкиот епископ Маноил. Ѕидана е со тули и со малтер, со што е добиена впечатлива керамопластична декорација. Има облик на четириконхос со осмострана купола над централниот дел. На западната страна се наоѓа нартекс со купола, а на јужната параклис посветен на св. Спас. Во ⅩⅠⅩ в. бил изграден отворен трем. Фрескоживописот е делумно зачуван, главно во деловите на параклисот, централниот дел и олтарот на црквата, а потекнува од времето на изградбата (Ⅺ в.). Во ⅩⅠⅩ в. врз делумно зачуваниот стар живопис бил изведен нов, без поголема ликовна вредност. Олтарниот простор е затворен со иконостас изграден од мермер, со зачуван натпис на архитравната греда. Во наосот има мозаичен под. Денес „Св. Богородица Елеуса“ е женски манастир. ЛИТ.: АрхимандритÍ ГерасимÍ, Материяли по география на струмишко, „Библиотека“, Ⅲ, ⅩⅤⅠ-ⅩⅤⅠⅠ, ПловдивÍ,1896; Н. Окунјев, Крстообразне цркве, Загреб, 1925; Л. МилетичÍ, Струмицките манастирски черкви, 1926; В. ИвановÍ, Стари цÍркви и манастири, 1926, Ж. Тати¢, Два споменита деценија на ⅩⅤⅠⅠ век. Црквата „Св. Богородица Елеуса“, с. Велјуса (1080) „СВЕТА БОГОРОДИЦА ПЕРИВЛЕПТОС“ С ка, 1928; Ф. Месеснел, Византиски споменици, 1937; ™. Бошкови¢, Архитектура средњег века, 1947 и 1967; М. Јованови¢, О Водочи и Велјуси, 1959; П. Миљковиќ-Пепек, Олтарна преграда, 1959; истиот, Велјуса, Скопје, 1981. К. Б.