САНГВИНЕТИ, Едоардо

САНГВИНЕТИ, Едоардо (Едоардо Сангуиннети) (Џенова, 9. ⅩⅠⅠ 1930) – италијански писател, општественик и универзитетски професор. Полемички е настроен спрема херметизмот во поезијата. Во 2000 г. го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: Ги објавил поетските книги: Лаборинтус (1956), Опус метрикум (1960), Катамерон (1974), Разгледници (1978), Бележник (1981), Најновиот завет (1985), Конечни заклучоци (1997), Нешта (1999) и др. Негови најзначајни критичко-есеистички книги се: Три студии за Данте (1961), Алберто Моравија (1962), Идеологијата и јазикот (1965), Мисијата на критичарот (1987) и др. Ја приредил антологијата Италијанската поезија на 20 век и превел голем број дела од грчките и римските класични автори (Есхил, Софокле, Еврипид, Аристофан, Сенека, Петрониј). ЛИТ.: П. Гилевски, Лирските лавиринти на Сангвинети, „Од мугра до мугра“, Скопје, 2007. П. Гил.