РУЈ

РУЈ (Рхус цориариа Л. и Цотинус цоггѕриа Сцоп., фам. Анацардиацеае) – нашите два автохтони руја им припаѓаат на различни родови. Првиот уште се вика и гроздест руј, листопадна грмушка, чии леторасти и непарно перести листови се рунтаво влакнести, а плодовите се во терминални, гроздести соплодија. Вториот има прости, тркалезни и мазни листови, кои наесен поцрвенуваат. Соцветијата се терминални и метлести, а плодот е ситна коскичка. Ал. Анд.