РУЕН И

„РУЕН И.Т.“ – фабрика за производство на автомобилски и тракторски делови, формирана во 1952 г., пререгистрина во 1960, а потоа се гради нова фабрика со површина од 2.100 м². Во 1974 г. е пуштена во употреба нова хала од 6.000 м², наменета за производство на спојки. Фабриката за производство на метална галантерија (пружини, заковки, остојници) е формирана во 1978 г. Во периодот 1979–1982 е изграден магацински простор, погон за термичка обработка, погон Ковачница во с. Зрновци и погон Фрикциони облошки во Кочани. Годишниот капацитет е 300.000 притисни тела, 500.000 дискови, 100.000 запчести елементи. 5% од производството е наменето за домашниот пазар, а 95% за извоз во Европа, Блискиот Исток, Јужна Африка и др. Во 2004 г. фабриката е приватизирана и пререгистрирана во „Руен интернатионал тецхнологиес“ и има 550 вработени. Во 2006 г. е обновен сертификатот за управување со квалитетот ИСО 9001:2000 од ТУВ Реинланд од Германија. Сл. А.