РОЗЕНТАЛ, Јулиј Цезар (Иркутск, Русија, 1872 – Луково, Кратовско, 12. Ⅸ 1903) – бугаројазичен поет од полско потекло. Дваесетина години пред неговата смрт во Македонија, неговите родители се преселени во Бугарија. Јулиј Розентал Студирал правни науки на Софискиот универзитет, но илинденските настани (1903) го насочиле во Македонија, па учествува како востаник и загинува во борбите во четата на велешкиот војвода Н. Дечев. Автор е на стихозбирката „Недопеани песни“, објавена една година по неговата смрт. Г. Т.