РОБЕ

РОБЕРТСОН, Џорџ Ајсли Мек Нил (Георге Ислеѕ МацНеилл Робертсон) (Порт Елен, шкотска, 12. Ⅳ 1946) – британски државник и дипломат. Секретар за одбрана на Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска; десетти по ред Генерален секретар на НАТО (октомври 1999–јануари 2004), на самиот почеток од војната во Република Македонијаво 2001 г. сторителите на терористичките активности ги нарекува „група криминалци“, за подоцна радикално да ја смени квалификацијата. Во текот на војната е во постојана комуникација со институциите на РМ, особено со претседателот на Република МакедонијаБорис Трајковски. ИЗВ.: Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје, 2007. Т. Петр.