РИЦОС, Јанис (Јанис Рицос) (Монемвасија, 1. Ⅴ 1909 – Атина, 9. Ⅸ 1990), грчки поет; имал тежок и мрачен животен пат (минува пат на маченик и прогоненик, политички затвореник и револуционер). Создал грандиозно дело (80 издадени поетски книги со над 100 000 стихови) преку кое успеал на својот автентичен талент да му Јанис Рицос даде белег на величественост и универзалност. Дебитирал со збирката Трактор (1934). Рицос е добитник на многу меѓународни награди и признанија, неговите стихови се преведувани на речиси сите јазици во светот, а самиот на грчки има преведувано стихови од Блок, Атила Јожеф, Хикмет, Мајаковски и приредил повеќе антологии. Во 1985 г. го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: Пирамидите (1935), Епитаф (1936), Песна на мојата сестра (1937), Старата мазурка во ритам на дожд (1942), Макронисос (1949), Несоница (1954), Утринска ѕвезда (1955), Месечева соната (1957), Мртвата куќа (1962), Хеленството (1966); драмски поеми: Филоктет и Орест, Ѕид во огледалото, Сведоштва, Ходник и скалила итн. ЛИТ.: Н. Папас, Јанис Рицос, „Вистинската историја на грчката литература“, Атина, 1973. П. Гил. РОБЕ(В), Ангеле Константинов