РИПСИМИЈА

РИПСИМИЈА (Ⅹ в.) – сопруга на комитот Никола, од ерменско потекло. Се верува дека нејзиното име е зачувано во Самуиловиот епитаф од с. Герман (992/3); наведена заедно со починатите членови од семејството. Со Никола имала уште тројца синови: Мојсеј, Арон и Самуил. ЛИТ.: С. Пириватрич, Самуиловата дÍржава, обхват и характер, София, 2000. Б. Петр. Никола Ристановски