РЕК ОСЛОМЕЈ

РЕК „ОСЛОМЕЈ“ – рударскоенергетски комбинат во Кичево. Рудник за јаглен – површински коп, се отвора во 1955 г. за јавна потрошувачка, а во 1977 (1,2 мил.т/г.) за ТЕЦ со моќ од 125 МЊ. ТЕЦ започнува со изградбата во 1975, а во работа е пуштена во 1980 г. РЕК „Осломеј“ работи како погон на поранешното ЈП ЕСМ, кое во 2001 се трансформира во А.Д. ЕСМ, а во 2005 г. во фирмата А.Д. ЕЛЕМ. Котелот (ОБ 380) е со капацитет од 380 т/х (РАФАКО – Пол-ска). Парната турбина (ЗАМЕХ – Полска), тип: 13К, е трицилиндрична од кондензациски тип со моќност од 125 МЊ, при 3.000 врт/мин, проток на пареата 380 т/х, о 130 бар и 540 Ц, (пк=0,09 бар). Во Комбинатот работат околу 652 работници (2006). РЕК Осломеј произведува 600– 700 ГЊх/г. Оџакот е со висина од 180 м. Чадните гасови се прочистуваат со електрофилтер, со степен на прочистување 99,5%. Снабдувањето со вода е од системот „Студенчица“. За ладење на кондензаторот има посебна ладилна кула со природен провев, со висина 64 м, низ која циркулираат 3 17.000 м /х разладна вода. Сл. А.