РЕК БИТОЛА

РЕК „БИТОЛА“ – рударско-енергетски комбинат во Суводол – Битола. Рудник за јаглен – површински коп (6 мил.т/г.). Термоцентралата е со моќ од 3џ225 МЊ. Одлука за изградба е донесена во 1975 г., изградбата започнува во 1977, а во 1982 е пуштен во работа И блок, во 1984 Ⅱ блок, во 1985 започнува изградбата, а во 1988 г. е пуштен во работа и Ⅲ блок. РЕК „Битола“ работи како погон на ЈП „ЕСМ“. Се состои од 3 работни единици: Рудник, ТЕЦ и ФОД (Фабрика за опрема и делови). Во Комбинатот работат околу 3.200 работници. Јагленот (6.180–8.100 кЈ/кг) се складира на депонијата со капацитет од 560.000 т, на која се инсталирани ротобагери со капацитет од 2џ1.200 т/х и 1џ2.400 т/х. Има транспортни ленти со капацитет од 760 до 1.200 т/х. На 3-те блока во ТЕЦ се вградени проточни парни котли со капацитет од 660 т/х пареа со: 140 бар и о 540 Ц. Има 2 оџака со висина од 250 м (за И, Ⅱ блок) и за Ⅲ. Парната турбина е трицилиндрична кондензациска со моќност од 225 МЊ, при 3.000 врт/мин, протокот на пареата о е 628 т/х, 130 бар и 540 Ц (пк=0,0642 бар). Технолошка вода има од акумулацијата „Стрежево“. Трите ладилни кули се со природен провев (висина 108 м, 27 000 м 3/х вода). Електрофилтерот е со степен на прочистување 99,85%. ТЕЦ „Битола“ работи 7000 ч/год и на мрежата $ предава 13џ106 кЊх/ден електрична енергија. Сл. А. РЕК Битола РЕК Осломеј