РАДОВАНОВИЌ, Воислав

РАДОВАНОВИЌ, Воислав (Павлици, 27. И 1894 – 26. Ⅳ 1957) – српски географ. Основно образование завршил во с. Врбоци, а гимназија во Ниш. Диполомирал географија на Универзитетот во Белград (1921), на кој бил избран за асистент (1922) и докторирал (1924). Потоа доаѓа во Скопје, ка-Радовиш де што бил професор на Катедрата за географија на Филозофскиот факултет. Во 1941 г. се вратил во Белград и работел како професор по антропогеографија на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет. Бил дописен член на САН, кустос и управник на Музејот во Скопје, управник на Етнографскиот институт при САН и претседател на Српското географско друштво. Го уредувал „Гласник Етнографског института“ на САН, „Гласник Скопског научног друштва“ и „Годишњак“ на Музејот во Скопје. Објавил повеќе од 40 научни и стручни трудови. Во значаен дел од нив обработува географска проблематика од Македонија. БИБ.: Тиквеш и Раец. Насеља и порекло становништва, књ. 17, Београд, 1924; Гипсни рељев Косоврасти у долини Радике, „Гласник Географског друштва“, св. ⅩⅤⅠⅠⅠ, Београд, 1932; Географске основе Јужне Србије, Споменица двадесетипетгишњице ослобоÑења Јужне Србије, Скопље, 1937. ЛИТ.: В. –ури¢ и М. Кости¢, Д-р Воислав С. Радованови¢, „Гласник Српског географског друштва“, ЏЏЏВИИ, 1, Београд, 1957. Ал. Ст.