ПРОСВЕТНО-ПЕДАГОШКА СЛУЖБА

ПРОСВЕТНО-ПЕДАГОШКА СЛУЖБА – институција со основна задача да ги извршува и да ги координира активностите поврзани со следењето и унапредувањето на воспитно-образовната дејност, како и надзорот врз остварувањата на целите и задачите на воспитанието и образованието. Прв пат се востановува со Општиот закон за школство (1958), а во 1960 г. е донесен Закон за просветно-педагошката служба на НРМ. Со формирањето на заводите за унапредување и проучување на школството, односно на образованието и воспитанието (в. Педагошки завод на Македонија), службата, покрај надзорот, добива с¢ понагласена педагошко-инструктивна, односно советодавна улога. Со Законот за органи на управата (1990), Педагошката служба е во состав на Министерството за образование и физичка култура. К. Камб.