ПРОЛЕТНИЦИ

ПРОЛЕТНИЦИ (Плецоптера) – инсекти со два пара големи крилја. Имаат издолжено тело, глава свртена напред, сплескана и широка со долги антени; устен апарат за грицкање и добро развиени нозе. Абдоменот им е составен од 10 сегменти, завршува со 2 опашни израстока. Редот пролетници има 3.000 видови, најмногу во умерените предели. Во Македонија најчесто се среќаваат околу потоците и горните текови на реките, на карпи, гранки или дрвја. Застапени се со 93 таксони, од кои 10 се ендемични. Чести видови се: голем пролетник (Перла грандис Рамбур), низинскиот вид Перла бурмеистериана Цлссу, и најшироко распространетите Перла маргината Пз. и Исоперла трипартите граеца Иллиес. ЛИТ.: Петар Икономов, Плекоптерите на Македонија (Инсецта: Плецоптера), таксономија и дистрибуција, Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., 18, Скопје, 1986, Голем пролетник 81-124; Владимир Крпац, (Перла грандис Рамбур) Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23-30; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.