ПРИЛЕП

ПРИЛЕП – град во западниот дел на Република Македонијасо 69.704 ж. (2002 г.). Се наоѓа во североисточниот дел на Пелагониската Котлина, на Прилепска Река, во подножјата на Мукос и Дрен Планина, на надморска висина помеѓу 620 и 680 м. Зафаќа површина од 1.540 ха. Има умерено-континентална клима со просечна годишна температура на воздухот од 11,2°Ц, и просечна годишна количина на врнежи од 556 мм. Преку П. поминуваат магистралниот пат М–5 и железничка линија, кои на југ го поврзуваат со Битола и на исток со Велес. Се претпоставува дека П. настанал од некогашното прифатилиште на патници Керамија, што се наоѓало на местото Варош на важната комуникација ХераклејаСтоби. При доселувањето во Македонија, Словените П. го затекнале како градска населба, на која $ го дале сегашното име, што етимолошки одговара на неговата местоположба (Прилеп – град прилепен за планинска страна). Во времето на Самуил, градот се спомнува како утврдено место и негова престолнина. Во почетокот на Ⅺ в. е забележен под името Прилепон. Во средниот век се јавува како значаен трговски центар и престолнина на кралот Вол-кашин и син му кралот Марко. По освојувањето на утврдениот град, Турците ја поместиле населбата во рамничарскиот дел. Во ⅩⅠⅩ в. П. е познат по големиот панаѓур што траел 25 дена, а градот имал 2.800 куќи, 1.100 дуќани, 26 анови, 10 џамии, 5 медреси и др. Во времето на Балканските војни во него живееле 22.000 ж. На 11 октомври 1941 г. во П. е кренато востанието против фашистичкиот окупатор. Во знак на сеќавање на осумте илјади борци и 15 народни херои од НОБ, во 1956 г. е прогласен за „Град херој“. По Ослободувањето брзо се развива и популациски постојано расте. Денеска е четврти град по големина во Републиката. Најголем број од населението, 64.756 ж., се Македонци, а од малцинствата најмногу се застапени Ромите (4379), Србите (162) и Турците (123). Тој е седиште на општина што зафаќа површина од 119.444 ха, има 59 населени места со 76.768 ж. П. е познат како град на тутунот. Во неговата околина се произведува многу квалитетната ориентална сорта тутун позната под името „Прилеп“. Во градот е подигната првата зграда за складирање тутун во Македонија (1873), а денеска има голема фабрика за цигари, потоа развиена текстилна, прехранбена, машинска и индустрија за преработка на неметали. Покрај гимназијата и средните стручни училишта има и Економски факултет, Народен музеј, Меморијален музеј „11 Октомври“, Музеј на НОБ, Музеј на тутунот, Историски архив, Могила на непобедени-Центарот на Прилеп те, Алеја на народните херои, и др. Секоја г. се одржува Меѓународна ликовна колонија и Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Зачуваните културно-историски споменици и археолошки локалитети во Прилеп и неговата околина се доказ дека во минатото градот бил средиште на интензивен живот. П. е град на легендарниот јунак Крале Марко и на Марковото Кале од кое разурнатите ѕидови гордо се издигаат над градот. Во подножјето на Калето е стариот град Варош, во кој се зачувани црквите: „Св. Никола“, „Св. Димитриј“, „Св. Атанасиј“, „Св. Петар“, „Св. Богородица Пречиста“, а малку подалеку е манастирот „Св. Архангел Михаил“ од ⅩⅣ в. Прилеп е роден град на Марко Цепенков, М. А. Ченто и М. ш. шарло, а во периодот на преродбата за П. е поврзана просветната дејност на Д. Миладинов, Ј. Константинов–Џинот и Г. Прличев. ЛИТ.: Г. ТраŸчевÍ, Град ПрилепÍ. Македонска библиотека, бр. 6, София 1925; Илија Башевски, Прилеп, „Географски видик“, бр. 5, Скопје, 1974; Митко Панов, Географија на СР Македонија. Природни и социогеографски карактеристики, кн. И, Скопје, 1976; Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002, кн. Џ, ДСЗ, Скопје, 2004. Ал. Ст.