ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА

ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА (Литохоро, Ⅱ 1878) – формирана само од Грци на чело со Евангелос Коровангос, веднаш по објавувањето на рускотурското примирје во Одрин (на 19. И), непосредно пред потпишувањето на Прелиминарниот санстефански мировен договор (3. Ⅲ). Владата прогласила обединување на Македонија (претставена како грчка област) со Грција и за тоа ги известила конзулите на европските сили во Солун. ЛИТ.: Крсте Битоски, Македонија во времето на големата источна криза 1875–1881, Скопје, 1982; Далибор Јовановски, Грчката балканска политика и Македонија 1830–1881, Скопје, 2005. Д. Јов. ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА „ЕДИНСТВО“