ПРЕСПАНСКИОТ СОСТАНОК НА ЦК НА КПМ

ПРЕСПАНСКИОТ СОСТАНОК НА ЦК НА КПМ (2–4 Ⅷ 1943) – втор состанок на ЦК на КПМ, одржан во Преспа, во непосредна близина на с. Отешево. Учествувале членовите на ЦК на КПМ Кузман Јосифоски-Питу, Цветко Узуновски-Абас, Страхил Гигов-Андро, инструкторот на ЦК на КПЈ во Македонија Добривое Радосавлевиќ-Орце, подоцна се приклучил и Светозар ВукмановиќТемпо, делегатот на ЦК на КПЈ и на ВШ на НОВ и ПОЈ во МакедоУчесниците и придружниците на Преспанскиот состанок на ЦК на КПМ (2-4 Ⅷ 1943) нија. Биле донесени одлуки за прераснување на партизанските одреди во воени единици, за интензивирање на изградбата на народната власт, организационо зајакнување и проширување на организациите на КПМ и СКОЈ, за усвојување платформа на НОВ на Македонија. ЛИТ.: Владо Иваноски, Преспанскиот состанок на ЦК КПМ од август 1943, посебно издание, Скопје, 1983. Вл. Ив.