ПРЕДУЧИЛИШНИ УСТАНОВИ

ПРЕДУЧИЛИШНИ УСТАНОВИ – институции за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст. Нивната задача е да овозможуваат услови и да Ученици од предучилишна воспитно-образовна установа придонесуваат за правилниот развој на децата до поаѓањето на училиште. Најраспространет вид предучилишни установи кај нас се детските градинки (в.) и (в.) забавиштата. Други установи што извршуваат дејност од значење за животот, растењето и воспитанието на децата од предучилишна возраст се: детските јасли, игротеките, детските клубови, центрите за детско творештво, детските забавни паркови, детските одморалишта и др. ЛИТ.: К. Камберски, Предучилишното и основното образование во Република Македонија, Скопје, 2000. К. Камб.