ПРАВОКРИЛЦИ

ПРАВОКРИЛЦИ (Ортхоптера) – инсекти со хитинизиран преден пар прави крилја, поради што го добиле името (ортхос гр. = прав и птерон гр. = крило). Имаат устен апарат за грицкање. Абдоменот им е составен главно од 10 сегменти. Се хранат, претежно, со листови, плодови и корења од различни растенија и градинарски култури. Поголемиот број видови предизвикуваат штети во стопанството. Исклучок се богомолките кои преминале на животинска Скакулец исхрана. Овој ред опфаќа неколку десетици илјади видови. Во Македонија се регистрирани 178 так-Богомолка сони, од кои 13 се ендемични. Поделени се на неколку подредови: лебарки (Блаттоидеа), богомолки (Мантоидеа), фазмидии (Пхасмоидеа) и скакулци (Салтаториа). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр. Првиот македонски правопис (1945)