ПОЦКОВ, Боро (Боривој) (Мирко шпанецот) (Струмица, 18. Ⅳ 1916 – Белград, 19. Ⅵ 1981) – графички работник, воен командант на НОАВМ и генерал-мајор на ЈНА. Како припадник на комунистичкото движење (од 1936) и член на КПЈ (од 1938), бил борец на интернационалните бригади – во Баталјонот „Дивиформи. Големите групи почви и нивните типови (во заграда) се: ентисоли (лептосол, регосол, ареносол), флувисоли (флувијатилна почва, колувијална почва), молисоли (варовничко-доломитна црница, моличен ранкер, рендзина, чернозем), умбрисоли (умбричен ранкер), вертисоли (смолници), камбисоли (циметна шумска почва, црвеница, кафеава почва врз варовници и доломити, кафеава шумска почва), лувисоли (лесивирана почва), подзоли (кафеава подзолеста почва), планосоли (планосол), глејсоли (флувијатилно-ливадска почва, хидрогена црница, мочурливоглејна почва), солончаци (солончак), солонци (солонец), хистосоли (фибрисол, хемисол, саприсол), антропосоли (ригосол, хортисол, ризосол, ирагричен антропосол, депосол, флотисол). Лептосол – почва со литичен контакт до 25 цм. Неразвиена или слабо развиена почва, со профил од типот (А)-Р, со слабо развиен (иницијален) хоризонт или охри-Сценска изведба на народното оро „Поттрчано“ Ѓ. Филиповски: „Класификација на почвите на Република Македонија“ (2006) чен хоризонт. Кај нас се јавува како еродирана почва во нашите планини. Како чиста картографска единица изнесува 13.053 ха, а како комплексни единици со другите типови почви 378.327 ха. Се одликува со ниска продуктивна способност, особено поради плиткоста на профилот. Лептосолот се јавува како резултат на силно развиените ерозиони процеси кај нас. Регосол – слабо развиена почва, со слабо развиен (иницијален) хоризонт. Образуван е од растресит супстрат, со длабок профил, без литичен контакт. Кај нас се јавува во котлините во брановидноритчести терени, кои се силно еродирани по уништувањето на шумата. Образуван е најчесто врз терциерни седименти. Типично лозарска и овоштарска почва, но се користи и за поледелски култури. На него се јавуваат најголем дел од зимските брдски пасишта. Ареносол – подвижен песок што се образува со еолска ерозија и реседиментација на еродираниот материјал. Покрива 200 ха покрај Вардар во Гевгелиската Котлина. Не се користи во земјоделското производство. Алувијална (флувијална) почва – современ речен нанос, подлабок од 25 цм, со слабо развиени или неразвиени педогенетски процеси. Содржи флувични почвени материјали и се одликува со слоевитост и со добра сортираност. Се јавува во нашите пошироки речни долини и покрива 131.599 ха. Тоа е една од најплодните наши почви. Се користи интензивно во земјоделското производство. Најголем дел е мелиориран (одводнет) или интензивно се наводнува. Колувијална (делувијална) почва – почва образувана со еродирање на почвите од повисоките (планински и ридски) терени со површински води и поројни водотеци и со рецентна реседиментација на еродираниот материјал во под-ножјето на тие терени. Подлабока е од 20 цм, има слабо развиени педогенетски процеси, изразита слоевитост и слаба сортираност на материјалите. Вкупната нејзина површина кај нас изнесува 159.600 ха. Се користи интензивно во земјоделското производство (лозарство, овоштарство). Често се наводнува со бистри планински води. Варовничко-доломитна црница – почва со тип на профилот А-Р, со добро развиен црн хумусен хоризонт, длабок најмногу 30 см, кој лежи врз чисти компактни варовници и доломити. Покриена е со високопланинска тревна вегетација, која се користи за летна паша во нашите планински региони (во алпскиот и субалпскиот). Зазема 220.000 ха. Моличен ранкер – почва со тип на профилот А-Р или А-АЦ-Ц-Р, со добро развиен моличен хоризонт што лежи врз базични и ултрабазични стени или врз нивни реголит. Покриен е со високопланинска тревна вегетација, која се користи за летна паша. Заедно со умбрисолите покрива 233.000 ха, од кои само мал дел припаѓа на моличниот ранкер. Рендзина – почва со тип на профилот А-АС-С, со темен моличен хоризонт, поплиток од 40 цм. Се образува врз растресит супстрат богат со карбонати (разни видови терциерни седименти) во нашите котлини (брановидноритчести терени). Се користи интензивно во земјоделството (поледелство, лозарство, овоштарство). Покрива 32.800 ха заедно со черноземот. Чернозем/црнозем – почва со тип на профилот А-АС-С, со темен моличен хоризонт подебел, од 40 цм. Се образува врз растресит карбонатен супстрат, иловичест и богат со илит (лесовидни или староквартерни или плиоценски седименти). Се јавува најмногу во најсувото континентално-субмедитеранско подрачје во нашите котлини (брановидно-ридски терени). Плодна почва што се користи интензивно во земјоделството, особено ако се наводнува. Покрива 32.800 ха заедно со рендзаната. Умбричен ранкер (умбрисол) – хумусно-силикатна почва, со тип на профилот А-АЦ-Ц-Р или поретко А-Р, со добро развиен темен умбричен хоризонт. Образуван е врз силикатни и кварцни стени или врз нивен резидуален реголит во нашите планински терени (алпско и субалпско подрачје). Најголем дел од високопланинските пасишта што служат за летна испаша се на оваа почва. Нејзината површина изнесува 221.400 ха како чиста картографска единица, а во вид на комплекси со регосоли уште 12.000 ха. Смолница (вертисол) – почва најчесто со тип на профилот А-АСС, со вертичен хоризонт до длабочина од 100 цм, со глина над 30%, богата со монтморилонит и со капацитет на апсорпција пого-1 лем од 40 смо (+)кг . Тешка почва со лоши физички својства, образувана врз глинести седименти или базични и ултрабазични стени и нивен реголит. Се јавува во нашите котлини (брановидноридски терени) и се користи интензивно во земјоделството. Нејзината површина изнесува 61.900 ха. Дел од овие почви се наводнува. Циметна шумска почва –со тип на профилот А-(Б)-Ц. Има охричен или моличен хумусен хоризонт под кој лежи оглинен камбичен хоризонт, кој е главна карактеристика за оваа почва. Почвата е бескарбонатна и се образува најчесто од разни седиментни стени, кои можат да бидат бескарбонатни или карбонатни. Се јавува во нашите најсуви котлини, главно во континентално-субмедитеранското подрачје врз брановидно-ритчести терени, кои порано биле покриени со дабова вегетација која е сега во најголем дел уништена така што почвата се користи интензивно во земјоделството (главно лозарска почва). Голем дел се наводнува. Како одделна картографска единица зафаќа 113.359 ха, а во комплекси со други почви (регосоли, рендзини и лесивирани почви) уште 222.651 ха. Црвеница – почва со тип на профилот А-(Б)-рз-Р. Има охричен или моличен хумусен хоризонт, под кој се јавува карактеристичен црвен резидуален камбичен хоризонт. Почвата е бескарбонатна, образувана врз чисти варовници и доломити во нашите варовнички планини, главно под дабова вегетација. Кафеава почва врз варовници и доломити – почва со тип на профилот А-(Б)рз-Р. Има охричен моличен или умбричен хоризонт, под кој се јавува кафеаво обоен камбичен резидуален хоризонт. Почвата е бескарбонатна и се образува врз чисти варовници и доломити во нашите планини, главно под дабова вегетација. Зафаќа 93.000 ха. Кафеава шумска почва – почва со профил од типот А-(Б)-Ц. Има хумусен охричен, моличен или умбричен хоризонт под кој лежи типичен (обичен) камбичен хоризонт. Се јавува најчесто врз бескарбонатни кварцни и силикатни стени. Почвата е бескарбонатна и кисела, образувана главно во планинските терени, најчесто под букова вегетација. Една од најраспространетите почви кај нас. Текстурно е недиференцирана или слабо диференцирана. Зафаќа 925.000 ха. Лесивирана почва – почва што има под природна вегетација тип на профил А-Е-Бт-Ц. Под охричниот или умбричниот хумусен хоризонт се јавува лесивиран елувијален хоризонт, а под него аргиличен хоризонт. Профилот на почвата се одликува со силна морфолошка, текстурна и друга диференцираност. Како чиста картографска единица зафаќа 21.600 ха, а во комплекс со други почви 6.350 ха, од кои дел се под природна дабова вегетација а дел се обработува. Кафеава подзолеста почва – почва што се одликува со органски хоризонт, под кој се јавува мешовит умбрично-елувијален хоризонт со слаба елувијарија, а под него карактеристичен дифузен хумоферисподичен хоризонт, кој може да има два ката. Се јавува под шумска вегетација (смрча и молика) во нашето субалпско планинско подрачје. Изразито кисела почва. Зафаќа мали површини. Планосол – почва со силна текстурна диференцираност, со полесен елувијален планосоличен хоризонт, заситен со горни подземни води. Под него се јавува непропустлив хоризонт, со остра и хоризонтална граница меѓу нив. Се јавува на порамни површини под дабова вегетација. Обработените површини треба да се мелиорираат. Флувијално-ливадска почва – почва со тип на профилот А-Ц-Гсо или А-АЦ-Ц-Гсо. Се образува во речните лаки од рецентни алувијални наноси, со подземни води подлабоко од 100 цм. Има терестричен моличен хумусно-акумулативен хоризонт, а под него глеичен оксиморфичен хоризонт, подлабоко од 100 цм. Денес е мелиорирана (одводнета). Се користи интензивно во земјоделското производство (главно за нивски култури) и се одликува со висока плодност. Заедно со мочурливоглејната почва зафаќа 39.395 ха. Хидрогена црница – почва со тип на профилот А-АЦ-Гсо или А-АЦ/Гсо-Гсо, со темно обоен моличен хоризонт, подебел од 50 цм и често со вертични својства, со развлечен глеичен оксиморфичен хоризонт, подлабоко од 100 цм. Подземните води се подлабоко од 100 цм и се одликуваат со силно осцилирање на нивото. Се образува во речните лаки од рецентни, најчесто глинести алувијални наноси. По мелиорирањето се одликува со висока плодност и се користи интензивно во земјоделството (главно за нивски култури). Заедно со ливадските и мочурливо-глејните почви зафаќа 40.000 ха. Мочурливо-глејна почва – почва со тип на профилот А-Гсо-Гр или А/Гсо-Гсо-Гр, со хумусен хоризонт со знаци на хидроморфизам, поплиток од 50 цм, а под него со глеичен оксиморфичен и глеичен редуктиморфичен хоризонт. Се образува од алувијални наноси во речните лаки и заситена е со вода ако не е мелиорирана. По мелиорирањето (одводнувањето) се одликува со висока плодност и се користи интензивно во земјоделството (главно за нивски култури). Заедно ливадските и мочурливоглејните почви зафаќаат 40.000 ха. Солонец – почва со тип на профилот А/Е-Бтна-Ц. Се образува главно од алувијални наноси под влијание на послабо засолени и нешто подлабоки подземни води отколку во солончакот. Се одликува со јасна текстурна и друга диференцираност. Моличниот или охричниот хоризонт е истовремено и елувијален. Под него лежи натричен хоризонт Бтна кој е, всушност, аргилувичен хоризонт но со столбеста структура и со повеќе од 15% атсорбирани натриумови јони. Заедно со солончакот покрива 11.000 ха. Неплодна почва со можни скапи мелиорации. Солончак – почва со профил од типот Аса-Г или Аса-ЦГ, без текстурна диференцираност и без натричен хоризонт. Има саличен хоризонт, подебел од 15 цм, со над 1% соли и нивна ефлоресценција. Подземните води се плитки и засолени. Неплодна почва со можни скапи мелиорации. Покриена со халофитска вегетација. Заедно со солонецот покрива 11.000 ха. Хистосол – тресетна почва. Голема група почви, која се одликува со присуство на хистичен хоризонт, подлабок од 30 цм и со повеќе органски материи од 30%. Се образува во депресиите на инундационите тераси, покрај нашите езера и во депресивните терени во планините. Во зависност од тоа дали во него преовладуваат фибричните, хемичните или сапричните почвени материјали се дели на три типа: фибрисол, хемисол, саприсол. Зафаќа 700 ха. Во зависност од тоа каде се јавува се разликува котлинско и планинско тресетиште. Со мелиорирање на котлинските тресетишта, добиени се мошне плодни почви со високи приноси од градинарски и овошни култури. Покрај овие почви, постојат и антропогени почви (в. антропогени почви). ЛИТ.: Ѓ. Филиповски, Почвите на Република Македонија, И-В, МАНУ, Скопје, 1995-2001; истиот, Класификација на почвите на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 2006. Ѓ. Ф. Карта на пошумувањето во акцијата на Владата на Република Македонијаво Денот на дрвото (12. Ⅲ 2008)