ПОТКОРНИЦИ

ПОТКОРНИЦИ (Сцолѕтидае) – штетни тврдокрилни инсекти. Живеат под кората на разни дрвја домаќини, по што го добиле името. Женките прават комора од која, лево и десно полагаат по едно јајце; изведените ларви дупчат напречни карактеристични ходници, оштетувајќи го дрвото. Во Македонија се регистрирани 65 видови, од кои попознати се: смреков поткорник (Ипс тѕпограпхус Л.), штетник на смрека и боров поткорник (Мѕелопхилус пиниперда Л.), штетник на бор. ЛИТ.: Зора Караман, Фауна на Македонија И. Поткорници-Сцолитоидеа (Цолеоптера: Инсецта), Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1971; Владимир Крпац, Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23–30. В. Т. К. – М. Кр.