ПОСЕН ТРИОД

ПОСЕН ТРИОД – црковнословенски книжевен споменик од ⅩⅤⅠⅠⅠ в., македонска редакција, злетовска школа. Пишуван е на пергамент, веројатно составен од три различни ракописи, особено листот 8 се разликува со некои палеографски и јазични особености. Споменикот има формат 25 џ 18 цм, содржи 36 листа со по 21 ред на страницата. Писмото е уставно, тешко читливо. Прилично оштетен. Се чува во Народната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ во Софија. ЛИТ.: Георги Георгиевски, Кратовско евангелие, Македонски студии, Скопје, 2001, 23; Проф. Б. Цонев„, Опис„ на р4кописит5 и старопечатнит5 книги на Народната библиотека в„ София, София, 1910, 135. Г. Г.