ПОРОЈ

ПОРОЈ – двофазен тек (течна и тврда фаза), со ненадејна појава и краткотрајно дејство, во отворени корита и со голема содржина на тврд материјал (до 60%). Настанува како последица на интензивни врнежи, нагли топења на снег, а во услови на лесно подривни маси на падините и наклон доволен за течење на поројната маса. Предизвикуваат разни штети (на патишта, мостови, куќи, таложење нанос во зарамнети делови, на плодни почви, во акумулации и во езера итн.). За успешно уредување на поројните сливови, потребно е да се изведат биолошки и технички мерки. Според „Картата на ерозија во РМ“ (1993), регистрирани се 1.245 порои, од нив 46% се во И-Ⅲ категорија на разорност. Позначајни порои во Република Македонијасе: Каменичка Река, Џепчишки Порој, Луда Мара, Пена, Неготинска Река, Кумановка итн. И. Б.