ПОП КОЦЕВ, Христо

ПОП КОЦЕВ, Христо (с. Ново Село, Штипско, 5. И 1869 – Варна, Бугарија, 30. Ⅳ 1933) – член на ЦК на ТМОРО и публицист. Се школувал во Солун, во Белград и во Софија. Завршил филологија. Бил учител во Цариград, Одрин, Штип и Солун. Бил член на ЦК на ТМОРО (1896–1897). По Виничката афера (1897) осуден и амнестиран (1902). Бил учесник на Солунскиот конгрес (1903), член на ЦК (1903–1904), директор на гимзијата во Штип (1916–1917), кмет на Скопје (1917–1918). Во ВМРО бил протогеровист. ЛИТ.: СборникÍ „ИлинденÍ 1903–1921“, София, 1921; Борис Николов, ВÍтрешна македоно-одринска револÓциона организация (воŸводи и рÍководители 1893–1934), София, 2001. В. Ѓ. Поп Стојан Разловски