ПОПОВСКА-ПАВЛОВСКА, Фредерика

ПОПОВСКА-ПАВЛОВСКА, Фредерика (Жиковиште, Кожанско, Егејскиот дел на Македонија, Грција, 26. Х. 1940) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Дипломирала на Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје (1964). Магистрирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1970), а докторирала на Универзитетот во Брадфорд, В. Британија (1975). Имала повеќе студиски престои во Европа и САД. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1964 г., а како редовен професор од 1985 г. Била декан на Технолошко-металуршкиот факултет и проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во пензија е од 2004 г. Подрачја: феномени на транспортот на движење, маса и топлина, дифузионосепарациони процеси, структура на полимерни материјали. Автор е на книги, научни трудови и истражувачки проекти. ЛИТ.: „Билтен УКИМ“ бр. 563, од 26 ⅩⅠⅠ 1991 г., стр. 118; 40 години Технолошко-металуршки факултетСкопје, монографија, ТМФ Скопје, 2000 г., стр. 76. Св. Х. Ј.