ПОКРАИНСКИ КОМИТЕТ НА КПЈ ЗА МАКЕДОНИЈА

ПОКРАИНСКИ КОМИТЕТ НА КПЈ ЗА МАКЕДОНИЈА (1940– 1943) – централно раководство на македонските комунисти. Прв ПК на КПЈ за Македонија бил формиран под раководство на Методија шаторов-шарло (8. Ⅸ 1940). Со одлука на ЦК на КПЈ (Ⅷ 1941) тој бил сменет и бил избран нов ПК во состав: Лазар Колишевски или Бане Андреев како организационен секретар, Борка Талески, Мара Нацева и Благој Јанков (Ⅸ 1941). Новиот состав ги забрзал подготовките за почетокот на оруженото востание во Македонија. На 8. Ⅺ 1941 г., по апсењето на секретарот на ПК Л. Колишевски, бил формиран ПК на КПЈ (Ⅵ 1942), кој со извесни измени останал до формирањето КПМ (крајот на февруари 1943). ЛИТ.: Основањето и развојот на КПМ, Скопје, 1973. Вл. Ив. корабна колонадна партиција на наосот (база, колона, јонски импост капител), ѓаконикон и проскомидија, северно и јужно од нартексот, како и аподитериј и писцина. Сочуваната камена архитектонска пластика, којашто датира од првата половина на Ⅵ в.н.е., се состои од само една комплетно зачувана колона со база и од јонски импост капител без декорација, двоен прозорски столб со импост, декориран со крстови и со лисја од бршлен, и делови од олтарни колонети со кубични капители. ЛИТ.: В. Битракова – Б. Пупалески, Ранохристијанска сакрална архитектура во Прес-па, „Лихнид“, 7, Охрид, 1989, 29-41. В. Л.