ПИРИНСКИ ГЛАС

„ПИРИНСКИ ГЛАС“ (Горна Џумаја, 29. ⅩⅠⅠ 1937 – 1. И 1941) – весник, информациски просветно-културен и стопански орган. Директор бил Петар Димитров, а го уредувале Кирил Дамјанов Коларов (главен уредник) и презвитерот Јаворски. Објавени се вкупно 96 броја. Бил распространуван во Горна Џумаја, Неврокоп, Петрич, Разлог и Св. Врач. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 376; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 93–94. С. Мл. Петре Пирузе-Мајски